Легендарниот велшанец во Манчестер Јунајтед Рајан Гигс ќе се закити со витешкета титула “СЕР“. Гигс за црвените ѓаволи има 787 настапи, а постигнал 147 погодоци.  Левокрилниот напаѓач на Јунајтед во изминативе 19 сезони во црвено-белиот дрес десет пати се радувал на титулата од Премиер лигата, два пати се искачи на тронот од Лигата на шампиони, четири ФА куп трофеи и  два пати Лига купoви. И нема трофеј во Велика Британија, а да го нема Рајан Гигс подигнато.


  М.П.