Манчестер Сити со 2-1 го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Карлинг Купот на Англија.

Поранешниот играч на Јунајтед Карлос Тевез со два погодоци им ја донесе победата на “сините“. Гигс го постигна голот за “ѓаволите“.


Во полуфиналето од Карлинг купот се играат два натпревари по првиот натпревар Сити имат предност од 2-1.  Реванш натпреварот ќе се одигра на 27 јануари на Олд Трафорд.