Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови со големи остатоци од снег на коловозите поради врнежите од снег.


Особено отежнат сообраќај е забележан на планинските превои во западниот дел од државата, каде е задолжителна употребата на зимска опрема.


Тешка е состојбата и на планинскиот превој Пресека, каде официјално нема забрана за движење на тешки товарни возила. Но, токму поради заглавените тешки товарни возила попладнево беше блокиран превојот Пресека. Долги колони автомобили чекаа да се одглават два камиони кои заглавиле претекнувајќи се. Проблеми, како што ни кажаа очевидци, имале и други товарни возила кои го започнале искачувањето на превојот.


Снегот ќе продолжи да паѓа и во текот на ноќта, поради што од АМСМ на сите возачи им препорачуваат крајно внимателно да ги управуваат своите возила и да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот.

OHRIDNEWS