Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Куманово – Крива Паланка, кај селото Облавце на околу 40 километри од Крива Паланка.

Според очевидци од засега  непознати причини дошло до директен судар помеѓу патничко возило и товарно возило, кое се запалило. Во несреќата учествувало уште едно патничко возило, ко е исто така сериозно било оштетено. На местото на несреќата присутни се екипи на брзата помош, пожарникари и полицијата која врши увид.

Неофицијално, во несреќата животот го загубило едно лице од Куманово на возраст од 27 години, а петмина се повредени.

Поради тешката сообраќајна несреќа сообраќајот на патниот правец кон и од Крива Паланка и границата со Бугарија е во застој, а дел од возилата се движат по алтернативни патишта.

OhridNews