Најмалку единаесет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на планинскиот превој Стража, во близина на каменоломите.
Според првичните информации се судриле минибус и две патнички возила. Повредените се згрижени во гостиварската болница, а едно лице е хоспотализирано на скопските клиники.
Поради несреќата сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар беше во прекин повеќе часови, а од вечерва повторно е нормализиран.