Темен, густ чад се издигаше од кај надвозникот на влезот во Охрид вчера околу 17 часот. По пријава на граѓани интервенираше противпожарната служба од Охрид. Нема официјални информации што го предизвикало пожарот на отворено, но не се исклучува можноста да се работи за намерно палење отпад или автомобилски гуми.

Ohridnews