Македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски не се прослави на мечот по враќањето во тимот на Левски по претходната тринеделна пауза поради повреда. Тасевски се врати за дерби натпреварот во Ловеч против Литекс, меѓутоа по само 30 минути игра мораше да го напушти теренот откако заработи директен црвен картон по жестоката масовна физичка пресметка меѓу играчите на двата тима.

По двеминутна “битка” главниот судија ги исклучи нашиот Тасевски од страната на Левски, и фудбалерот на Литекс, Николов. Натпреварот заврши со триумф на Литекс од 2:1.

Ohridnews