Околу 250 охридски матуранти беа дел од новиот подвиг на европските средношколци да го поправат Гинисовиот рекорд. Вкупно 26.772 матуранти од 66 европски градови истовремено танцуваа на познатиот валцер на Штраус, „Лилјакот“, а дел од оваа своевидна атракција трета година по ред се и охридските матуранти. Нивниот танц на градскиот плоштад  го привлече вниманието на охриѓани кои уживаа во прекрасната изведба.


Ohridnews