Мишко Танески од Охрид и скопјанецот Исајловски Душко се победници на велосипедскиот маратон околу Охридското Езеро кој помина во организција на велоспиедскиот клуб “З`ш Точак“ и Вила Милка од Охрид. Втората и третата позција ги завзедоа Жан Илиќ и Лазар Малински од Скопје, a награди имаше и за единствената девојка учесник Билјана Костовска од Скопје, за тројцата најмлади и за највозрасниот учесник.
– Иако маратонот имаше натпреварувачки карактер, сепак најважно е тоа што учесниците меѓу себе се дружеа, се бодреа и си помагаа во текот на трката. Се помина во најдобар ред, а исто така и сончевото време ни овозможи уште повеќе да уживаме во возењето и во неповторливите панорами– рече Димоски Зоран од “З’ш Точак” клубот.
За новоформираниот велоспиедски клуб ова беше прв пат да организира ваков настан, одзивот на учесници беше одличен,а и организацијата беше на високо ниво – едногласни се и учесниците и организаторите.
На мартонот учество зедоа околу педесетина велосипедисти од клубови од Македонија и регионот, од клубот “З’ш Точак” за на пролет најавуваат ваква и неколку слични манифестации.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com