Тамара, Врчак и Адријан Гаџа со композицијата „Во името на љубовта“, ќе ја претставуваат Македонија на изборот на песна за Евровизија што од 22 до 24 мај ќе се одржи во Белград.
Вака одлучија телевизиските гледачи во 15-минутно гласање и петчеленото стручно жири, кои ги оценуваа 15-те композиции кои беа изведени на националниот избор за песна на Евровизија што се одржа во „Метрополис“ арената во Скопје.
Во ревијалниот дел настапија Хари Варешановиќ од Босна и Херцеговина кој го освои третото место на Евросонгот во 2006 и Русланд, претставникот на Белорусија на годинешниот Евросонг во Белград.
Посебен дел од ревијалната програма беше посветен на прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески.
ohridnews
видео: youtube