Изминатиот викенд во Јапонија, „MTV Video Music Aid Japan“ организираше добротворен концерт за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ја зафати земјата на 11 март оваа година.

На концертот учествуваа најголемите азиски ѕвезди какои поп старлетата Lady Gaga, познатата германска група „Tokio Hotel“, „One Night Only“ и др кои  настапија во хуманитарни цели.

На црвениот тепих неколку часа пред концертот во Токио се појавија сите учесниците, освен Lady Gaga која фановите ја чекаа со часови, но затоа нејзиниот настап беше фантастичен.

Во катастрофалниот земјотрес на  што ја погоди Јапонија на 11 март загинаа 15000 луѓе, а 8000 сеуште се водат за исчезнати.

Од токио за OhridNews
Адријан Битрак