На две недели до Нова година, Охрид пулсира празнично. Украсените улици го најавуваат доаѓањето на големите празници кога сите се препуштаме на забавата. Подготовките на градот за најлудата ноќ се во полн ек, се украсуваат улиците, а се подготвува и новогодишната програма. На плоштадот „Свети Климент Охридски“ на 31 декември ќе настапат „Камелеон“, Ева и најверојатно уште еден фолк пејач, чие име треба да биде познато денеска.


Ohridnews