Првата патека за планински
велосипедизам на планината Галичица денеска официјално беше пуштена
во употреба. На свеченоста што се одржа кај бензиската пумпа –
Билјанини извори, патеката за планински велосипедизам која со сопствени
средства ја подготви НП Галичица ја отворија заменик министерката за
животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и раководителот на НП Галичица, Зоран Ангелоски.
Веднаш потоа стартуваше првиот
рекреативен велосипедски маратон „Галичица 2008“ на кој ќе учествуваа
над 50 велосипедисти од повеќе градови во Македонија. Маратонот го
организираат Националниот парк Галичица, Иницијативниот одбор на
„Планинска велосипедска трка низ Македонија – Сончев Круг“ и Спортско
велосипедско друштво „Енерџи“ – Скопје.