Со двата гола во мега пресметката со Реал Мадрид, Филипо Инзгаи стигна до бројката 70 и се изедначи по бројот на постигнати погодоци со шпанецот Раул Гонзалес на листата на најдобри стрелци во европските натпреварувања. По синоќешната вечер Супер Пипо го мина Герд Милер на вечната листа.
Филипо Инзаги е првиот напаѓач кој со головите против Бока Јуниорс на Светското клупско натпреварување во 2007 гоидна, постигнал голови во сите клупски натпреваруваања. Милановата “деветка“ е најдобриот стрелец во клубот во европските натпреварувања со постигнати 39 гола. Во “црвено – црниот“ дрес на 285 натпревари постигнал 124 гола.
Инзги (37) во својата кариера два пати ја освоил Лигата на Шампиони, два пати триумфирал во Европскиот Супер куп, еднаш го подигна Интернационалниот трофеј. Во Италија освоил две скудета, еден италијански куп и еден суперкуп. Во дресот на италијанската репрезентација постигнал 25 гола во 57 меча, а беше дел од аѕурите кои во 2006 година го подигнаа Жил Риме купот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com