Дуото „2Mothers Brothers“ ја сними првата студиска песна со наслов „Summertime (Летно време)“. Во песната вокал и штракаталки ракува Стрезо Стаматовски, вокал, гитара и клопотарец позајми Никола Тодороски и на бас гитара „грува“ Јане Тодороски. Продукцијата е на Зоран Кречо.
Дуото за брзо време најавува и видео спот за оваа песна, кој ќе биде промовиран кон крајот на летото, како и 5 други песни кои се веќе снимени и се во завршна фаза.
Кабарето „2Mothers Brothers“, инаку проект на охридските професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, во изминатите неколку месеци беше одиграно на повеќе сцени во Охрид и градови низ земјава и привлече огромно влијание поради креативниот хумор исполнет со динамични авторски песни и преработки кои сега се популаризираат преку аудио и видео изданија на дуото „2Mothers Brothers“.
OhridNews