Натпреварот од шведската хокеарска лига помеѓу Оребро и Бофорс за малку ќе завршеше трагично откако еден од играчите доживеа инфаркт. Играчот борејќи се за пакот доби удар, а иако во прв момент ова не изгледаше опасно, неколку секунди подоцна на хокеарот му застана срцето и падна на мразот. Судијата Волмарт Едквист, кој работи како возач на брза помош, остана присебен и прв му притрча на помош на несреќниот Лихаген, започнувајќи со реанимација, па приказната доби среќен крај.