По претходно добиени оперативни сознанија дека лицето З.А.( 39) од село Заграчани- Струга, во својот двор одгледува насади со марихуана, на ден 05.07.2010 година во 17,00 часот, спроведена е координирана акција во содејство со СВР Охрид – ПС Струга – ОНТДО и врз основа на наредба на надлежен истражен судија извршен е претрес во домот на осомничениот.
Стеблата со марихуана се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР за понатамошно вештачење.
До Основното Јавно обвинителство во Струга, против З.А. е поднесена кривична пријава, за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.
извор: МВР