Дисциплинската комисија на Серија А одлучи да го казни со три натпревари неиграње на бразилскиот репрезентативец Филипе Мело.


Бразилецот во дресот на “старата дама“ на натпреварот со Парма стартуваше брутално над фудбалерот на “млекарите“ Паци, по што му беше покажан директен црвен картон.

Триумфот на Парма над најтрофејниот клуб во Италија со 4-1, остана во сенка на непромислениот старт на Филепе Мело.

Мх.П.