Се стравува дека најмалку 1000 лица ги загубија животите во разорниот земјотрес од 7,2 степени според Рихтер, кој  околу 13.41 часот го погоди југоистокот на Турција. Од силината на потресот кој траел околу една минута се урнале педесетина згради во градовите Вани и Еркис, јавуваат турските медиуми.


Сликата во епицентралното подрачје е страотна. Спасувачките екипи ја почнаа потрагата по преживеаните, а луѓето со голи раце ги расчистуваат урнатините во надеж дека ќе ги најдат своите најблиски. Бројот на исчезнати постојано се зголемува.

Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени според Рихтер, но подоцна оваа информација беше корегирана на 7,2. Епицентарот бил на длабочина од 20 километри.

OhridNews