Тешката и мачна 2020 година која мина во знакот на пандемијата од Ковид 19, конечно заврши. Новата година ја дочекавме во нова реалност, во домашен амбиент, без организирани прослави и со затворени угостителски објекти.
Во Охрид и Струга иако немаше организирани прослави, не изостанаа традиционалните огномети. И покрај апелите и кампањата, петардите и овој пат беа неодминлив „декор“ од прославата. Точно на полноќ стотици ракети го осветлија небото над Охрид и Струга, означувајќи го почетокот на Новата година.
Новата година носи нов оптимизам, а луѓето од сите страни на светот се речиси едногласни во желбите: Работите во 2021 конечно да се вратат во нормала.
Г.М.
Фото и видео: А. Момироска