Порано откупувачите на старо железо одеа пеш по маалите и гласно викаа „Старо Купувам“. Денеска времињата се модерни па така и откупувачите на старо железо веќе не одат пеш, туку со камионче, озвучено за да может полесно да се изрекламираат кај граѓаните. Арно ама поради преоптоварување на откупувачите на старо железо им откажа акумулаторот па мораа да го туркаат возилото да запали.

Васко Бујароски