По смената на шпанецот Рафаел Бенитез и назначувањето на бразилецот Леонардо на кормилото на Интер се крена прашина во италијанскиот и светски фудбал. Леонардо  во периодот на 90-ти години ги бранеше боите на “крвниот“ ривал на Интер, Милан и имаше една од главните улоги на жетвата на трофеи со “росонерите“. Ситуацијата со Леонардо е ушто покомплицирана со тоа што бразилецот во ланската сезона го водеше Милан.


–    Леонардо одамна не е фудбалер на Милан, многу поразлично е како фудбалер да ја промениш средината него како тренер. Сепак ние сме професионалци и мора да си ја изработиме нашата задача – смета најдобриот српски фудбалер за 2010 Дејан Станковиќ.

Капитенот на “орлите“ со свое видување за смената на досегашниот “ментор“ на нероазурите Рафа Бенитез.  – Смената на Бенитез беше неизбежна откако не влезе во посакуваниот ритам со фудбалерите, стручниот штаб,  а посебно со нашиот “татко“ претседателот Масимо Морати – додаде Станковиќ.

Српскиот интернационалец е долги години во Серија А играше за Лацио од 1998 до 2004 година, потоа прејде во таборот на “нероазурите“, во градското дерби против Милан дури четири пати ја затресол мрежата на “росoнерите“.

Сведоци сме биле на многу “трампи“ на Интер и Милан и обратно. Најсвеж пример е швеѓанецот Златан Ибрахимович, легедендата на Интер, Џузепе Меаца има настапувано во Милан, холанѓанецот Кларенс Сидорф, трикратниот најдобар фудбалер на светот бразилецот Роналдо, “малиот буда“ Роберто Баџо, Хернан Креспо, Едгар Давидс и многу други.

Мх.П.