Реновираниот стадион на славниот романски клуб Стеауа ќе биде база на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 земји. „Црвено жолтите“ со одредување на базата започнаа со техничките подготовки за официјалното деби на големите собири на европската фудбалска сцена.

Репрезентацијата на Македонија пласман на континенталниот собир обезбеди со триумфот во Д лигата во УЕФА лигата на Нации. Македонските фудбалери во групата на ЕП се наоѓаат со Украина, Австрија и Холандија. Два од трите мечеви во фазата по групи, Македонија ќе ги одигра во Романија, а, еден ќе игра во Холандија.

OhridNews