Само 7 минути траеше натпреварот помеѓу репрезентациите на Италија и Србија, што во рамки на квалификациската Ц група за пласман на ЕП, синоќа се одигра во Џенова. Разулавените српски навивачи, инаку фанови на Црвена Звезда најпрвин се обиделе да се пресметаат со голманот на репрезентацијата Владимир Стојковиќ, кому тие не можат да му простат за трансферот во градскиот ривал Партизан. По шокот од блиската средба со навивачите Стојковиќ донел одлука да не брани на натпреварот, но ниту тоа не ги смири страстите.

Срспските навивачи се судрија со италијанската полиција, палеа албански знамиња и фрлаа бакљи на теренот, по што шкотскиот судија Крег Томсон најпрвин го одложи стартот на мечот за половина час, а само 7 минути по неговиот почеток го прекина.


Се очекува официјалната реакција на УЕФА за инцидентот по кој на Србија и се закануваат сериозни санкции.

OhridNews