Гневни Босанци фрлале камења и шишиња на српскиот премиер Александар Вучиќ, на церемонијата за одбележување на 20 годишнината од масакрот во Сребреница.

Вучиќ и неговата делегација побегнале во своите автомобили, откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети на денешната церемонија.

Десетици илјади луѓе се собрале денеска во градот Сребреница во источна Босна на церемонијата во чест на 8000 муслимански мажи и момчиња, кои беа масакрирани од страна на српските трупи пред 20 години.

Претходно Вучиќ, чија земја жестоко се противи масакрот во Сребреница да го нарече „геноцид“, беше пречекан со добредојде од роднините на жртвите, вклучително и мајките и другите членови на семејствата на жртвите од Сребреница, разменувајќи прегратки.

Вучиќ накратко бил исвиркан откако се потпишал во книгата за сочувство и разговарал со роднините на некои од жртвите.

OhridNerws
Извор:„Радио Слободна Европа“