Динамо Киев и македонскиот интернационалец Горан Попов се пласираа во 1/4 финалето од Лигата на Европа иако беа поразени минимално од Манчестер Сити на реванш натпреварот. Украинците на првиот натпревар ги совладаа “граѓаните“ со 2-0 и со севкупни 2-1 патуваат во најдобрите осум.


Македонскиот репрезентативец Горан Попов беше централна фигура на мечот, “палавиот“ италијанец Балотели без топка го фаулираше Попов што судијата во 36-та минута му го покажа патот кон соблекувалните.


Резултати: Манчестер Сити – Динамо Киев 1-0 (2-0), ПСЖ – Бенфика 1-1 (1-2), Спартак Москва – Ајакс 3-0 (1-0), Зенит – Твенте 2-0 (0-3).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Мх.П.