Со шампањско и сечење на роденденската торта во просториите на дирекцијата, фестивалот Охридско лето денеска го одбележа 50-от роденден.


Среќен 50-ти роденден Охридско лето.

Точно на овој ден пред 5 децении со настапот на оперската дива, Ана Липша Тофовиќ во катедралната црква Света Софија се роди фестивалот Охридско лето. На фестивалските сцени во Охрид во изминатите 50 години настапиле 250 оркестри и хорски ансамбли, над 2000 инструментални и вокални солисти и стотина театри. Извидени се преку 2500 фестивалски приредби кои ги проследи милионска публика. Низ фестивалот продефилираа плејада врвни уметници, кои на Охридско лето му обезбедија светски углед, меѓу кои легендарните Леонид Коган и Андре Навара, Ростропович, Шеринг, Иво Погорелиќ, Хозе Карерас, Енио Мориконе и други. Историјата на фестивалот е поместена во монографијата „50 години Охридско лето“, што се промовира токму на роденденот на фестивалот.

Роденденската прослава ќе биде заокружена со гала оперски концерт на Оркестарот на Македонската опера и балет , под диригентска палка на Феликс Коробов од Русија.

OhridNews