Италија благодарение на погодокот на Тиаго Мота триумфираше на гостувањето во Словенија. Членот на “нероазурите“ беше прецизен во 73-та минута. Србија со пресврт во вториот дел ги обезбеди трите бода во дуелот со Северна Ирска. Гостите поведоа преку Меколи во 40-та минута, Пантелиќ во 65-та минута израмни на 1-1 додека со погодокот Тошиќ во 75-та минута “орлите“ освоија вредни три бода.


Австрија на “Ернст Хапел“ беше поразена од Белгија со 2-0. Двоен стрелец за Белгија беше Витсел. Холандија со убедливи 4-0 ја торпедираше Унгарија на домашен терен. Серијата погодоци ја отвори Ван дер Варт, продолжи Афелај, прецизен беше и Кајт додека серијата ја затвори Ван Перси. Франција со погодоците на Мексес и Гуркуф рутинирано славеше над Луксмебург со 2-0.