Охриѓаните Томе и Кристијан Љушеви изработија нов видео спот за бадниковата песна „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од Велгошти, Охридско. Спотот е снимен во Велгошти по повод манифестацијата „Бадникови поворки“.  Аранжманот е на Кристина Шокароска и Сена Заде (ELEVEN), а тон мајстор е Александар Јосифовски.

Изразуваме голема благодарност до црковниот одбор на село Велгошти, Трајче Кочески, Кате Граждани, Ангеле Бошкоски, Општина Охрид. Посебна благодарност до градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. – истакнува екипата која работеше на спотот.

OhridNews