Видео спотот на 19-годишниот охриѓанец Екрем Алијашар за баладата „Bir Dilek“ (Една желба) денеска беше промовиран на познатиот музички канал во Турција „NETD Muzik“ кој има близу 22 милиони следачи.
Спотот кој е изработен во високо квалитетна резолуција го реализираше „Too Production“, а го режираше Умут Кумрал Девечиоглу. Текстот и музиката се на Хусеин Мехмедоглу, а аранжамнот е на на Абдула Мејдан.
Со промоцијата пред милионски аудиториум Екрем ги отвара вратите на пребирливиот музички пазар во Турција каде се продуцира исклучително квалитетна музика.
OhridNews