Светски познатиот фанк и џез изведувач Владимир Четкар го промовираше музичкото видео на насловната тема од новиот албум на Владимир Четкар ‘Going Home’. Видеото го изработи Борче Димовски а е снимано на повеќе локации во Њујорк и Охрид.

Песната е снимана во Њујоршкото студио ‘The Bunker Studios’ и е комплетно авторско дело на Четкар кој тука се појавува во улога на композитор, аранжер, продуцент, гитарист, вокалист и текстописец.

Официјалната концертна промоција на новиот албум на Владимир Четкар ќе се случи оваа Сабота (13 јули) во Охрид во 19:00 на плажата Бонанца каде воедно по петти пат ќе се одржи и настанот Вино и Џез!

OhridNews