Фудбалерите на вечните хрватски ривали Динамо и Хајдук се степаа на полуфиналниот меч од државното првенство во фудбал во сала.

Хајдук победи со 2-1, а сплитскиот тим подоцна го освои и првото место, откако во финалето славеше над Загреб.

Во финалето беше 1-1, а Хајдук беше подобар од Загреб на пенали.

Тепачката во полуфиналето се случи 9 секунди пред крајот, по еден безначаен фаул на аголот на теренот.

ohridnews