Најсветлата точка во екипата на Еурофарм Работник во Лигата на Шампиони, Никола Митрески доби исклучително признание од ЕХФ која ја организира Лигата на Шампиони.

Репрезентативниот голман во битолски редови ја има најдобрата одбрана во третата рунда од ЛШ. Митрески во завршницата од мечот прво одбрани удар од бек а во продолжениетоод акцијата со „карате удар“ повторно беше поуспешен од ривалите.

Феноменалната партија на Митрески не беше наградена и „фармацевтите“ изгубија од Бидасоа со минимални 26-25. Изборот на најдобрите голови и одбрани помеѓу која е најдобрата на Митрески можете да ја погледнете тука.

Идеален тим:

Лево крило: Адама Кеита (ПСЖ)

Лев бек: Олафурд Гудмудсон (Кристијанштад)

Среден бек: Горан Јоханенсен (Фленсбург)

Десен бек: Амин Банур (Динамо Букурешт)

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (ПИК Сегед)

Пивот: Магнус Јенсен (Алборг)

Голман: Марин Шего (Монпеље)

OhridNews