И годинава за безбедноста на капачите долж Охридско Езеро ќе се грижат спасителите од Црвен крст Охрид. Како и секоја година мај и јуни се резервирани за обуки и интензивни подготовки за претстојната летна туристичка сезона.

Тоа што очекуваме е како минатата година поголемите капалишта кои имаат веќе концесионерство, хотелско- угостителските капацитети на брегот да побараат вакави услуги. Оваа година како и секоја година во јуни имаме обука за спасители на вода. Ќе можат сите млади луѓе кои имаат предизпозиции и ги задоволуваат критериумите да се стекнат со сертификат, вели претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Обуката е по стандардите на ИЛСФ, а сертификатот важи низ целиот свет. Годинава, како и минатата на располагање ќе бидат околу 15-20 спасители.

Како спасители на отворени води нашата задача е да се грижиме за безбедноста на капачите на Охридското крајбрежје. Огромен удел имаат и самите луѓе кои треба да ги почитуваат препораките. Нашата цел е да превенираме. Странските посетители ги почитуваат нашите препораки, додека нашите туристи не бараат помош и не ги почитуваат истите. Сите несреќи додека сум бил јас во улога на спасител на плажа биле од домашни туристи, вели спасителот Арсениј Ѓоршески.

Важно е туристите и гостите да се чувствуваат безбедно на вода.

Тоа го предвидел и законодавецот и пропишал разни критериуми, препораки кои се потребни да ги задоволува секое капалиште. Се работи и до свеста на концесионерите кои треба да разберат дека е најважно да се обезбеди безбедно користење на нивното капалиште. Тука сме ние на располаѓање со нашите спасители за да се чувствуваат безбедно тие кои ги користат капалиштата, вели Точков.

Интервенциите се различни од извлекување на давеници до пружање прва помош, а апелите се да се почитуваат препораките.

Минатата година имавме и просекот секоја година е просекот од 15 до 25 интевенции на спасување и извлекување на давеници и преку 800 интевенции минатата година имавме на укажување на прва помош. Сепак е тоа огромна бројка. Секоја година упатуваме и апел со сите кои ги користат капалиштата да ги почитуваат препораките на спасителите, додава Точков.

Почнувајќи од 2005 година до сега ОО Црвен крст Охрид има обучено преку 800 спасители на вода, но со одливот на кадар се отселени голем дел.

Н.С.Ј.

видео. Б. Стојаноски