Лидерот на партијата на турското малцинство во Бугарија Ахмет Доган, Движење за права и слобода, мина без повреди откако на во него 25-гдишен напаѓач вперил пиштол за време на Осмата партиска конвенција на ДПС во софиската сала НДК, јавуваат бугарските медиуми.


Ахмет доган не бил повреден во падот а напаѓачот е идентификуван како 25-годишне член на партијата од Бургас и регистриран како делегат на партискиот конгрес на ДПС, Октај Ени Мехмедов, кој имал криминално досие за хулиганство, нанесување телесни повреди и грабежи.

При обидот да изврши атентат додека Доган зборувал пред делегатите на конгресот, како што некои пренесуваат софиските медиуми, кај напаѓачот бил пронајден гасен пиштол и два ножа.

Во бугарските медиуми се наведува дека не е јасно кој би можел да стои зад обид зад атентат врз Доган, како и дека станува збор за нејасно сценарио во периодот кога во земјата расте меѓупартискиот говор на омразата,а се почесто се зборува и дека Доган ќе ја напушти лидерската позиција во партијата, што можело да се насети и од почетокот на неговиот говор.

Министерот а внатрешни работи Цветан Цветанов смета дека станува збор за пропуст во обезбедувањето и организацијата на конгресот, како и дека со гасен пиштол Доган не можел да биде убиен.

OhridNews
извор:„Макфакс“