Во 17.35 сообраќајот на преминот БУКОВО-(РЕСЕН-ОХРИД) се одвива наизменично по една коловозна лента, информира АМСМ.
Очевидци кои попладнево се затекнаа на овој патен правец сведочат за сериозно проблеми. Иако немаше поголема снежна покривка коловозот не беше исчистен поради што застоите беа чести. Дополнителен проблем претставуваат несовесните возачи, велат тие.
АМСМ информира дека се воведени забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
Дебар – Маврово
Охрид – Кичево (Пресека)
Кичево – Гостивар (Стража)
Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Битола – Ресен (Ѓавато)
Ресен – Охрид (Буково)
Крива Паланка – Деве Баир
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Г.М.