Страотна експлозија се случи во фабрика за ѓубрива во Тексас, доцна во средата, при што загинаа најмалку 5 лица, а повеќе од 100 се повредени. Се стравува дека бројот на загинати е поголем.


Како што пренесува „Макфакс“, од експлозијата се треселе куќите во околината, а оштетени се и повеќе државни згради како и училишта и старски дом.

Бројот на луѓето кои загинаа во експлозијата се уште не е утврден, а се очекува тој да расте, како што спасувачите напредуваат во расчистување на остатоците од фабриката.

„Потврдивме смртни случаи, но бројот не е конечен. Тој расте од минута во минута. Ја пребарувале околината и го осигуруваме местото“, вели Д.Л.Вилсон, портпарол на одделот за јавна безбедност.

Експлозијата била предизвикана од пожар кој претходно избувнал во фабриката, кој бил пријавен околу 20 часот по американско време (1 часот по средноевропско време)во градот Вест, во кој живеат околу 2.700 луѓе, на 120 километри јужно од Далас.

CNN извести дека најмалку тројца загинале, но дека бројката не може да биде потврдена.

Градоначалникот на Вест, Томи Муска, за Reuters вели дека пет или шест волонтери пожарникари биле меѓу првите кои пристигнале на местото на пожарот.

Според градоначалникот оштетени се 50 до 70 куќи од експлозијата, а најмалку 50 апартмани останале само на скелетот.

Вилсон соопшти дека 133 луѓе биле евакуирани од тешко оштетениот старски дом, но дека не е јасно колкумина од нив се повредени.

Според него, околу 100 луѓе се повредени во катастрофата.

Евакуиран е и центарот на градот, резиденциите во близина и други објекти.

Според одделот за јавна безбедност првата експлозија била следена од две други, кои се случиле по пожарот.

Белата куќа и претседателот Барака Обама се известени за ситуацијата и се во постојан контакт со локалните власти преку Федералната агенција за итна помош.

Експлозијата се случи на два дена пред  20 годишнината од пожарот во Вако (град на 40 километри од Вест)предизвикан од Дејвид Кореш и неговите следбеници во сектата Бранч давидиан, катастрофа која заврши со помош на федералните агенти, при што загинаа 82 члена на сектата и четворица агенти.

OhridNews
извор:„Макфакс“