Човек кој возел преполн камион во Источна Индија, бил застанат од слон кој решил да се послужи со неговата храна. 

Луѓето се обиделе на различни начини да го спречат слонот, но сите нивни обиди биле неуспешни. Слонот не обрнувал внимание на тоа што се случувало околу него и продолжил да јаде. Целиот настан бил снимен.

Иако за многумина овој настан е смешен и симпатичен, зад него се крие тажна вистина, Се повеќе диви животни излегуваат на патиштата поради уништувањето на нивните живеалишта за други цели. Нивните домови исчезнуваат и тие многу лесно доаѓаат во контакт со луѓето и модерниот свет. Сето тоа доведува до огромни катастрофи и најчесто завршува со смрт на дивите животни.

А.М.