По три месечна пауза продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампиони. Ждрепката одлучи во 1/4 финалето да се сретнат гигантите Интер – Мен Ју, Реал Мадрид – Ливерпул.

Шампионот од Серија А, Интер ќе се сретне со бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед.  Нероазурите кои во изминатите неколку години доминираат во Серија А никако италијанска доминација да ја пренесат во Европа. Навивачите на Интер со доаѓањето на Мурињо очекуваат да не се повтори 1999-та година кога ги елиминираа ѓаволите во 1/4 финалето. Мурињo беше првак на Европа со екипата на Порто во 2004 година, а тогаш го елиминираше Манчестер јунајтед. На Мурињo едноставно му лежат дуелите против Манчестер. Подоцна кога замина во Челси, Мурињo одигра 12 меча против тимот од „Олд Трафорд“ и победи шест пати, пет пати ремизираше, а само еднаш загуби

Покрај проблемите во одбраната актуелниот континентален првак ќе се соочи и со незгодната традиција која вели дека ниту еден првак не успеал да ја одбрани титулата во Лигата на Шампиони. Во последните три години шампионите не ја преживеа 1/8-та битка.

Вторник
20:45 Арсенал – Рома
20:45 Атлетико Мадрид – Порто
20:45 Интер – Манчестер Јунајтед
20:45 Олимпик Лион – Барселона

М.П.