Челси по триумфот над Болтон со една рака го допираат трофејот во Премиер Лигата. Погодок вреден три бода на Николас Ањелка во финишот на првото полувреме ги отвара широко вратите кон титулата.


Сините на четири кола до крајот во Премиер Лигата имаат солидни четири бода предност пред актуелниот шампион Манчестер Јунајтед и пет пред градскиот ривал Арсенал.