Веднаш по објавувањето на првичните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори започна големото славје на симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Колони автомобили со развиорени знамиња и вклучени сирени  кружеа низ градските  улици. Највесело беше на градскиот плоштад каде илјадници симпатизери на владејачката партија со песна ја прославија изборната победа.