На најдобар можен начин со победа (1-0) над аспирантот за висок пласман Гостивар, фудбалерите на Охрид го започнаа вториот круг во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ лидерот на СРЦ „Билјанини Извори“ го срушија во режија на голманот Никола Симоновски кој во првиот дел одбрани удар од белата точка и Александар Целески кој во 81-та минута ја погоди мрежата на гостите.
OhridNews