Силно краткотрајно невреме пропратено со поројни врнежи од дожд и грмотевици попладнево го зафати охридскиот регион.
За петнаесеттина минути улиците низ градот и паркинзите пред станбените згради се исполнаа со вода.
Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови можна е појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Целосна стаблизација на времето не очекува од недела.
OhridNews
фото: „Кирил Димов“