Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Величе Шумуликоски не беше во комбинација за екипата на Престон, која попладнево на домашен терен беше поразена од Челси во англискиот ФА Куп. Сините од Лондон до победата и пласман во наредната рунда стигнаа со головите на Анелка и Стариџ.
Смената на тренерската позиција во Престон не му донесе добри вести на Шумуликоски, кој од доаѓањето на синот на сер Алекс Фергусон, Данкан нема одиграни ниту една минута за “белите“.