Репрезентацијата на Словачка ја изненади Русија на гостувањето во Москва и со 1-0 ја совлада “зборнајата“. Штох во првиот дел од мечот го искористи киксот на потесната одбрана и го постигна одлучувачкиот погодок.

Избраниците на Дик Адвокат имаа повеќе од играта, креиираа повеќе шанси но не успеаа да ја погодат мрежата на Муча и да се извлечат од пораз.

Осминафиналистот од последниот Мундијал во Јужна Африка, Словачка е лидер во нашата група по двете победи во првите две кола.

М.П.