Веројатно не постои пиритирачко нешто за еден музичар кога настапот ќе му го прекине ѕвонење на мобилен телефон. Но еден виолинист во секунда се сети како да одреагира духовито. Имено, словачкиот виолинист Лукаш Кмит имал соло изведба кога сред настап го прекинал добро познат рингтон од мобилен телефон Нокиа. Наместо да побесни, Кмит направи пауза од неколку секунди и продолжи да свири, но своја верзија на мелодијата од мобилниот телефон, што наиде на одушевување во публиката.
Видеото на You tube го имаат погледнато над 1 милион луѓе и се верува дека е автентично, иако многумина сметаат дека се работи за маркетиншки трик на Нокиа.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com