Младите од Црвен крст Охрид креираа мотивациското видео во кое апелираат на внимателност и одговорност за заштита од коронавирусот Ковид 19.

Секој може да се зарази и секој може да го пренесе вирусот, но само ВИЕ одлучувате дали ќе останете ДОМА и ќе бидете ВНИМАТЕЛНИ, или ќе го загрозите вашиот живот и животот на вашите блиски. Издржете дома и избегнувајте физички контакт. Во овие моменти најважно е да бидеме солидарни и совесни, силни и позитивни. –  порачаа тие.

Погледнете го краткото видео кое го изработија младите волонтери на Црвен крст Охрид, во кое учествуваат Анастасија Стојаноска и Гзим Демироски, камерата е на Анамарија Момироска, а монтажата на Петар Силјаноски.

OhridNews