Невидена драма се случи во турското првенство, во последното коло од шампионатот Фенербахче имаше еден бод предност пред единствениот конкурент Бурса, но на “Шукру Сарачоглу“ настана шок и неверување откако Фенербахче ремизираше со Трабзон играјќи 1-1 и пропушти да стане првак во Турција.

Да биде шокот поголем за домаќините се погрижи официјалниот спикер, кој по крајот на натпреварот соопшти дека Бурса ремизирала со Бешикташ 2-2. Фановите на Фенербахче влетеа на теренот за да ја прослават со фудбалерите освоената титула. Но спикерот погрешил, Бурса триумфирала со Бешикташ 2-1 и го освои трофејот во турското превенство.


Турскиот репрезентативец Емре Белозоглу падна во бесознание, интервенцијата на брзата помош не дозволи да има посериозно последици. Фановите на Фенербахче ја искалија својата нервозата и разочарување кршејќи го  инвентарот на стадионот, па полицијата мака мачеше да ја стави ситуацијата под контрола.

 

ohridnews