Селекцијата на Украина направи голем чекор кон обезебдување на пласман на СП наредната година откако на домашен терен ја совлада Англија на Капело со 1-0.

Англија од 15 минута играше со играч помалку откако  голманот Грин беше исклучен по прекршокот над Милевски. Шевченко не успеа да го реализира пеналот погодувајќи го дирекот, а неговата грешка ја исправи Назаренко кој беше стрелец на единствниот гол на мечот.

Во пресрет на последното коло Украина има бод повеќе од Хрватска. Во последното коло Украина гостува кај Андрора, додека Хрватска во Казксатан.

ohridnews