Алтернативното културно-забавно лето на „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ овојпат за првпат ќе има фестивалско издание, инфоремираа денеска на прес конференција организаторите.
Фестивалот започнува на 5ти јули со дводневниот настан Free Spirit Days на Скејт парк Охрид и завршува на 12ти јули на Петровден со добропознатиот настан – Староградска пловидба со ВИС Билјана „Ој љубов, љубов“.
Оваа година програмата ги содржи веќе познатите настани кои секоја година се обидуваме да ги кренеме на повисоко ниво:
1.Отворање на фестивалот – 05.07 – Free Spirit Day: Музички настапи на Rootboy Selector, Слушачка промоција на новиот албум на Primitive Dread и концертен настап, музички настап на Новиот Почеток, па after party во клубот Ребел со бендот ИСКРА, како и диџеите Grinsen и Fitz from the World. Почеток 18:00ч
2. 06.07 – Free Spirit Day – Скејт натпревар и настап на локални диџеи: Шизика, Ацко, Достин, Багзи и s1m3 DnB. Почеток 18:00ч
3. 07.07 – Wake@Lake – Кафе на изгрејсонце. 05:00ч
4. 08.07 – Summer Drive-in Cinema – Летно кино со автомобили – проекција на филмот Те дуа, жими мене. Влез во 19:30ч – проекција во 21:00ч
5. 09.07 – Summer Drive-in Cinema – Летно кино со автомобили – проекција на филмот The Happiness Effect. Влез во 19:30ч – проекција во 21:00ч
6. 10.07 – Museum Mashup – Изложба на фотографии, поетско читање, музички настап и премиерна проекција на краткиот документарец „Бело платно“. Почеток 20:00ч
7. 12.07 – Староградска пловидба со ВИС Билјана „Ој љубов, љубов“. Почеток 17:30ч – Канео, пловење во 18:00ч од Канео до Старо пристаниште каде се закотвуваме и концерт на ВИС Билјана до 20:30ч. – истакнаа организаторите.
Г.М.
Видео + фото: Бобан Стојаноски